| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 20 илјади Романци и Бугари догодина ќе мигрираат во Велика Британија

london_large

Според пресметките лоби група „Мигрејшан Матарс труст“, околу 20 илјади Романците и Бугарите, следната година ќе пристигнат во Велика Британија. Според Атул Хатвал, директорот на организацијата, оценката која е далеку пониска од тврдењата на групи како „Мигрејшан воч“ е базирана на анализа на историските трендови во миграција во ЕУ, макроекономските фактори, како и влијанието на рецесијата во Велика Британија и ограничените можности за работа во области како физичкиот труд.

Тој посочи дека новните заклучоци покажале дека повисоките проценки се неосновани и се намерна провокација.

„Веруваме дека антиимиграционото лоби премногу често крева лажна тревога. Оттаму тврдат дека до 300 илјади нови имигранти ќе пристигнат од Романија и Бугарија во 2014 година. Ние веруваме дека нивниот број ќе изнесува околу 20 илјади“, посочи Хатвал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top