Видео снимка снимена од мобилен на улиците во египетскиот град Исмајлија која денеска беше објавена на интернет го потресе светот. Невооружен демонстрант беше убиен од војници во тенк. Новинската агенција Сторифул ја потврди веродостојноста на видеото на кое се гледаат демонстранти кои невооружени им се спротивставуваат на тенковите кои им наближуваат, а потоа еден од нив паѓа на земја застрелан.
Истиот момент е снимен од повеќе очевидци, чии снимки исто така се ставени на интернет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.