
Строго ќе се казнуваат одговорните на студентските домови ако инспекцијата утврди злоупотреба при распределување студентски легла и непридржување до утврдените критериуми.
Премиерот Никола Груевски соопшти дека ако бидат утврдени нерегуларности директорите на студентските центри ќе бидат казнети со парична казна од 7.500 и 15.000 евра, а за управителите на домовите од 5.000 до 7.000 евра.
– Во минатите 10-20 години секоја година сме сведоци на такви информации и веројатно има вистина во тоа. Ние презедовме сериозна акција – најпрво донесовме крупни измени во законот, во кој воведовме многу јасни критериуми по кои треба директорот на Студентскиот центар и управителите на домовите да ги примаат студентите. На последната седница на Влада помина уште една измена, која предвидува сериозни парични казни за одговорните ако само едно легло се даде надвор од критериумите. Освен што ќе биде парично казнет, ќе биде и разрешен. Им упатувам јавно предупредување на луѓето задолжени да менаџираат со студентските домови да не помислуваат да излезат надвор од критериумите. Просветната инспекција ја задолживме да ја информира Владата по секоја инспекција, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


