| четврток, 6 декември 2018 |

До 2083 година сите ќе бидат милионери

dolari До 2083 година сите ќе бидат милионери, сметаат експертите од истражувањето DGCAssetManagement.com.. Британските весниц кои ја објавија информацијата велат дека еспертите сметаат декалуѓето  ќе бидат сведоци на вистинска телепортација како од СтарТрек.

Но од друга страна храната пак ќе биде неверојатно скапа, лебот на пример ќе чини 30 долари.

Користејќи ја годината 2083, истражувачите според историски податоци успеале да калкулираат годишен раст и развиток на човештвото поради што исполниле листа на неверојанти предвидувања. Реалната храна според годишните поскапувања до тогаш би требало да биде доста поскапа, на пример табла јајца ќе чини нешто над 500 долари, а за нова куќа ќе мора да платите дури 11 милиони долари.
Едно друго истражување пак од FutureTimeline.net предвидува хипер-интелигентни компјутери кои ќе можат да размислуваат неверојатно брзо, тие ќе калкулираат мисли од илјадници години, за само десет микросекунди. А исто така од технолошките достигнувања ќе може да се пофалиме со конечно успешна телепортација на поголеми предмети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top