Голем шумски пожар беснее на грчкиот остров Тасос. Огнот се појавил вчера, а во гаснењето учествуваат 14 противпожарни возила, два хеликоптера и специјализирани авиони, пренесуваат локалните медиумиСпоред информациите има и волонтери кои помагаат во гаснењето. С еуште нема информации дали станува збор за подметнат пожар, но постојат такви сомневања, бидејќи според законот во Грција може да се гради на земјиште кое претходно било запалено.
Во последните години во Грција имаше неколку многу големи пожари кои пеплосаа неколку пати многу хектари маслинови градини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


