| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА призна: „Областа 51“ постои

Американската разузнавачка агенција ЦИА официјално го призна постоењето на тајната база за тестирање „Областа 51“ во Невада. По децении криење на оваа тајна, ЦИА одговори на јавното барање на универзитетот „Џорџ Вашингтон“ и го објави документот во кој се опишува како агенцијата започнала да ја користи областа. ЦИА соопшти дека од 1954 до 1974 година ја употребувала базата на речиси 1.500 километри квадратни за тестирање на владините програми за набљудување од воздух, У2 и Окскарт.

Објавувањето на овој документ се смета за голем напредок затоа што претходно американската влада одбиваше и да признае дека таа област воопшто постои. „Областа 51“ изигра голема улога во заговорничките теории како и во приказните за посети на вонземјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top