На десет светски познати дестинации им се заканува крај. Се работи за менста за кои мечтаат милиони луѓе… Доколку не сакате да останат само ваш сон време е за кроење планови каде прво да се отиде…
Островите Галапагос
Овие острови се загрозени токму поради енормниот број туристи кој се зголемува од година година. Не се знае уште колку ќе издржат во ваква форма, но тие забрзано исчезнуваат.
Малдиви
Овие острои се сон за многумина. Создадени се од 1 200 острови кои се наоѓаат на само еден метар над морското ниво. Претпоставката е дека над вода ќе бидат само уште стотина години.
Венеција
Оваа дестинација не ни е така далечна. А претпоставките се дека ќе постои само уште неколку децении.
Мртвото Море
За последните 40 години се намалило за една третина. Секоја година водостојот опаѓа за 1,2 метри.
Алпите
Ќе останат без ледниците најдоцна до 2050 година како последица на зголемувањето на температурите.
Мадагаскар
Чудесниот Мадагаскар е четвртиот по големина остров во светот. Препознатлив е по чудесниот свет, по лемурите, флората и фауната… Дури 80 отсто од флората и фауната постојат само тука и никаде на друго место. Но претпоставките се дека Мадагаскар на мапа ќе го има само уште 35 години.
Басенот Конго
До 2040 година се проценува дека ќе исчезнат две третини од шумите во басенот. Тие се едно од најголемите бели дробови на планетата Земја.
Монтана
Глечерите и глацијалните езера во сојузната Американска држава Монтана ќе исчезнат како последица на глобалното затоплување. Претпоставките се дека ќе ги снема за 20 години. Што значи тоа? Тоа би значело крај на 200 водопади, 712 езера, 260 несекојдневни видови птици, 1 132 ретки билки, 62 вида цицачи…
Таџ Махал
Статистиката вели дека годишно ова место го посетуваат три до четири милиони туристи. А ќе биде отвворен за туристи само уште пет години. Таџ Махал ќе биде заторен за посетители, затоа што градбата, која е од 17. век не може да го издржи загадувањето на воздухот предизвикано од туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Десетте најдобри места за патување, 6 од нив ни се на само еден лет од Скопје
-
Сонувате да ги посетите, но овие туристички дестинации се измислени
-
Париз прескап, Венеција измама, Каиро полн со гнасни луѓе
-
Според истражувањето на експертите овие 10 земји нема да ја дочекаат 2035 година, дали сме ние меѓу нив?