| четврток, 6 декември 2018 |

Париз прескап, Венеција измама, Каиро полн со гнасни луѓе

Корисниците на „Редит“ решија со читателите да ги споделат искуствата од местата и градовите каде што не се чувствувале и не поминале убаво.

Во нив тие наидувале на разочарувања, па иако на голем број луѓе Париз и Венеција им се убави, очигледно постојат и голем број туристи што и не ги прифаќаат.

За главниот град на Франција и градот среде лагуната, коментарите, главно, се исти. Туристите најмногу реагираат на високите цени, па често се слушаат забелешки дека станува збор за градови, кои, всушност, најмногу служат како замки за туристите.

Така на пример, еден користник за Венеција напиша:„Со еден пријател со траект отидовме до другиот остров, во него ручавме, па со траектот се вративме назад и за сето тоа плативме помалку отколу за еден ручек во Венеција. Токму затоа јас Венеција ја сметам за најголемата туристичка замка“.

Country: Italy Site: Venice Caption: The terrific mass tourism impact on the historic city Image Date: 21st February 2009 Photographer: Alessandro Giumelli/World Monuments Fund Provenance: 2014 Watch Nomination Original: from Sharefile

Да кажеме дека во контекст на високите цени, како пример често пари се спомнува и Куала Лумпур.

За главниот град на Египет, Каиро, критиките најчесто се однесуваат на однесувањето на населението.

„Градот е нечист, а луѓето се одвратни“, може да се прочита на „Редит“, додека друг корисник зборува дека „таксистите не сакаат да вклучат таксиметар кога ќе видат дека сте странец, додека некои одбиваат да ги возат тие што не се муслимани“.

cairo-621x414

Градот што во последните години стана „ин“ дестинација, секако е и Дубаи. Меѓутоа некои од посетителите зажалиле за тоа.

„Без сомнение, Дубаи е град без душа, култура и цел е вештачки. При последната посета ми се чинеше дека би полудел доколку тука поминам повеќе од еден ден“, напишал еден од нив.

На удар на корисниците на „Редит“ се најдоа уште некои градови, а ние ви ги издвојуваме коментарите и за нив.

– За Аделаида летав од Европа, па неколку дена ме мачеше џет-лег. Градот изгледа како добро место за живеење, но во споредба со Сиднеј и со Мелбурн е неверојатно досаден.

„Кувајт. Во него нема ништо. Не знам зошто отидов на дневен излет, секако само да кажам дека сум бил таму“, напиша друг разочаран турист.

-Манила. Барем да ја заобиколевме. Веќе по само еден и пол ден стана досадно, за разлика од другите места на Филипините, наведува трет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top