| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледаат белите дробови на луѓето што живеат во големите градови (фото)

Белите дробови во центарот на Белград, станаа сосема сиви!

Пред десетина дена, во центарот на Белград на билборд осамнаа вештачки бели дробови направени од памук. Ден за ден, нивната белина преминуваше во сивотија пред која минувачите застануваа вџашени. Тешко им беше да поверуваат дека вдишуваат толку загаден воздух. Последниот ден, на билбордите осамна порака ‘‘Вдиши длабоко‘‘ – MK Mountain Resort поставена на чисти и бели како снег бели дробови. Стана јасно дека станува збор за супер креативен и иновативен начин на кој агенциите Меккен Скопје и Меккен Белград го рекламираат планинскиот ресорт. Кампањата создаде голем  buzz  на социјалните мрежи, ја поттикна заинтересираноста на медиумите а на белграѓани им ги отвори очите. Се надеваме дека и на MK Mountain Resort  ќе им донесе повеќе гости.

За крај, можете ли да замислите како ќе излгедаа скопските бели дробови ако ги оставевме само неколку дена во Скопје?‘‘

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top