| четврток, 6 декември 2018 |

„Hansel & Gretel: Witch Hunters“ заработи 19 милиони евра за еден викенд

Филмот „Hansel & Gretel: Witch Hunters“ е на првото место на американскиот боксофис со заработувачка од 19 милиони долари во првиот викенд од премиерата. Според аналитичарите таа сума можела да биде и повисока ако САД не беа погодени од снежно невреме.

На второто место со заработувачка од 12,9 милиони долари се наоѓа хоророт „Mama“ со Џесика Частин во главната улога.

На третото е „Silver Linings Playbook“ со заработувачка од 10 милиони долари и четвртото место  е „Zero Dark Thirty“ со 9,8 милиони долари. Со заработувачка од 7 милиони долари филмот „Parker“ се искачи до петтата позиција овој викенд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top