| четврток, 6 декември 2018 |

Се тепале кој прв да наточи безнин

makpetrol

Банална расправија се претворила во масовна тепачка во која настрадале и полицајци, кои дошле да ги раздвојуваат тепачите.

МВР јавува дека утринава околу 3 часот на бензинската станица „Макпетрол“ во Струга, пристигнале два автомобила управувани од А.Б.(22) од Струга и К.Б.(27) од село Велешта. Тие почнале вербална расправија за тоа кој прв да наточи бензин во возилото, која потоа прераснала во тепачка во која се вклучиле и други лица од двете страни.

При интервенција на полициски службеници, неколку учесници во тепачката физички ги нападнале полицајците и притоа на еден му ја оштетиле службената облека.  Во врска со овој настан, во ПС Струга се приведени неколку учесници во тепачката кои биле во алкохолизирана состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top