| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент во Грција – му ја украле задната регистарска табличка

bez tablici pasat

Нов случај на оштетување на возило е пријавено од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 56 случаи.

Вчера (15.08.) на граничниот премин „Богородица“, К.Т. од Неготино, кој управувал патничко возило „фолксваген пасат“, со неготински регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Јерисос му била одземена задната регистарска табличка. Оштетувањето го пријавил и во грчката полиција.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција се евидентирани  56 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 56-те оштетувања што ги пријавиле македонските државјани, 39 се кражби на регистарски таблички, од кои во 26 случаи се украдени обете таблички. Предничат туристичките места Ханиоти, каде што досега се евидентирани 13 кражби, и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 14 случаи.

Од вкупниот број случаи 36 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР сѐ уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 29 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top