| четврток, 6 декември 2018 |

„Амнезија опен аир фестивал“ во Лешок за крај на лето 2013

Тетовските кафулиња „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“ заедно со „Горила продукција“ ви подготвуваат совршен крај на лето 2013 со „Амнезија опен аир фестивал“.

Amnesia poster

Трета година по ред најголемиот фестивал на отворено ќе ги собере најдобрите хип-хоп, реге и хардкор артисти од регионот. По последните два успешни фестивали и неколку илјадната публика, овој „Амнезија опен аир фестивал“ се очекува да ги урне досегашните рекорди на посетеност.

Dj Goce

Фестивалот ќе се одржи на 27 август во Лешок, Тетово, каде што под отворено небо како главен адут на вечерта ќе настапи добропознатата српска банда „Бед копи“ (Bad Copy), односно контроверзните Ајс Нигурин, Скај Виклер и Тимбе.

Conquering Lion

Покрај нив на сцената во Лешок, како домашна поддршка на „Амнезија опен аир фестивал“ ќе настапат домаќините „Conquering Lion“, односно најпознатиот даб/реге/хардкор бенд од Тетово. Пред тетовчани и нивните гости со свои музички сетови ќе настапат и диџеј Гоце, диџеј Оки Доки и Спинкор и Рутсман.

Билетите за „Амнезија опен аир фестивал“ веќе се пуштени во продажба по симболична цена од 150 денари, а може да се најдат во кафулињата „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top