| четврток, 6 декември 2018 |

Македонката што знае уште колку ќе живееме: Со ласерскиот тест може да се избегне прерана смрт

profesorkata aneta stefanovska

професорката Анета Стефановска со нејзиниот ментор, професорот Херман Хакен

 

Про­фе­со­ри­те од универзитетот во Ланкастер, Велика Британија, Македонката Ане­та Сте­фа­нов­ска и нејзиниот колега Пе­тер Мек-К­лин­ток, пре­ку ноќ до­би­ја пла­не­тар­на по­пу­лар­ност отка­ко бе­ше об­ја­ве­на ве­ста за ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от про­нај­док со кој мо­же да се пред­ви­ди жи­вот­ни­от век на чо­ве­кот. Во пос­лед­ни­те не­кол­ку де­на нив­ни­те те­ле­фо­ни не пре­ста­ну­ва­ат да ѕво­нат, а сан­да­чи­ња­та во еле­ктрон­ска­та по­шта им се пре­пол­ни со ба­ра­ња за ин­терв­јуа и за го­сту­ва­ња во еми­сии. Двај­ца­та на­уч­ни­ци ве­ќе имаа де­се­ти­на ра­ди­о­ин­терв­јуа и че­ти­ри те­ле­ви­зи­ски го­сту­ва­ња во Бри­та­ни­ја, а ста­тии за овој про­нај­док се на­пи­ша­ни во по­ве­ќе од 50 ре­но­ми­ра­ни свет­ски ма­га­зи­ни и спи­са­ни­ја во Евро­па, САД, Ки­на и во Ав­стра­ли­ја. Про­фе­сор­ка­та Сте­фа­нов­ска, ко­ја по­тек­ну­ва од Кри­ва Па­лан­ка, пре­ку не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ го прет­ста­ви но­ви­от про­нај­док и на јав­но­ста во Ма­ке­до­ни­ја.

– Ме­ре­ње­то е лес­но – трае до пет ми­ну­ти и мо­же да се по­вто­ру­ва се­којд­нев­но. Во меморијата мо­же да се ста­ви ба­за на по­да­то­ци, та­ка што но­ви­те вред­но­сти се­ко­гаш мо­же да се спо­ре­ду­ва­ат со тие од ба­за­та. Од­нос­но, по­да­то­ци­те од де­нес да се спо­ре­дат со тие од вче­ра. Та­ка мо­же да се ева­лу­и­ра­ат вли­ја­ни­ја на ле­ко­ви или, мо­же­би, ако не­кој од­лу­чил да сме­ни жи­во­тен стил, мо­же да сле­ди ка­ко му се ме­ну­ва ге­не­рал­но­то здрав­је. Мо­же да про­ве­ри­ме да­ли ста­ре­е­ме пре­бр­гу – вели професорката Стефановска во интервјуто за „Република“.

Како функционира системот, ко­ја е не­го­ва­та цел и што до­би­ва чо­веш­тво­то со тоа прочитајте во новиот број на неделникот „Република“, кој е во продажба од денеска, 16 август.

Стефановска во интервјуто открива ко­га лу­ѓе­то ќе мо­жат да го ко­ри­стат и да­ли ќе има пристапна цена за обич­ни­от чо­век, како пронајдокот може да се искористи и во лекувањето на ста­реч­ката де­мен­ци­ја и рак, за контактите со колеги од Македонија, за нејзината желба за соработка со македонските институции, за родната Крива Паланка, за спомените од нејзиното детство и од татковината. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top