Пожарникарите го локализираа и изгаснаа пожарот кој синоќа во 20.59 часот изби во магацин за шеќер и масло за јадење, што се наоѓа на патот кон скопското село Глумово. Во пожарот нема повредени лица.
Kомандантот на скопската Противпожарна бригада, Благоја Менковски, изјави дека се опожарени 500 квадратни метри приземје и 500 квадратни метри подрумски простории од магацинот.
Пожарникарите по неколку часа успеале да спречат пожарот да се прошири и да ги зафати околните куќи.
Командирот на смена во БППЗ Скопје, Ѕвонко Томески, изјави дека утрово на местото на пожарот се испратени осум пожарникари со три противпожарни возила, кои работат на расчистување на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.