
Сончевиот ден ќе заврши со локални врнежи
Денеска ќе имаме преодно позначително дестабилизирање на атмосферата. На повеќе места се очекува појава на облачност која локално ќе донесе поинтензивни врнежи и грмежи проследени со засилен ветер. Сепак, според „Метеопро“, не се очекуваат процеси кои можеме да ги окарактеризираме како силно невреме.
Температурата ќе има тренд на опаѓање, а максималната вредност во Скопје нема да надмине 32 Целзиусови степени. Сличен максимум на температурата се очекува во Овче Поле, Штип, Пелагонија и Полог. Под 30 Целзиусови степени максимална температура ќе има во охридско-преспанскиот и малешевско-осоговскиот крај.
Претпладне ќе дува слаб ветер претежно од северн правец, а околу пладне и умерен северен и северозападен ветер долж Повардарието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


