| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Лиса Робин Кели, ѕвездата од „Луди 70-ти“

lisa-robin-kelly-e1372896829950Актерката Лиса Робин Кели, една од ѕвездите на серијата „Луди 70-ти“, почина на 43-годишна возраст. Се уште не е позната причината за смртта на актерката, но судејќи според зборовите на нејзиниот агент Кред Вајкоф, таа имала проблем со зависност.

lisa robin kelly 660
-Лиса доброволно се пријави во центар за одвикнување на почетокот на неделава затоа што долго се бореше против зависност. Зборував со неа во понеделникот – беше добро расположена и полна со самодоверба. Изгледаше дека зависничкиот живот останува зад неа. Но, во средата навечер ја изгуби битката. Се уште не знаеме која е причината за смртта- изјавил Вајкоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top