| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР: Крај на августовскиот пекол

ubavo vreme

Утре претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Температурата од 23 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со умерена облачност. За попладне и во Скопје погнозираат метеоролозите, ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 32-от степен.
За време на викендот, краткотраен дожд ќе биде редовен „гостин“ во попладневните часови. До крајот на август, според УХМР, ќе имаме сонце и многу попријатни температури за разлика од првата половина на месецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top