| четврток, 6 декември 2018 |

На суд за покана за пријателство на фејсбук

facebook-15082013-625shutterОсумнаесетгодишен Швеѓанец на островот Готланд завршил на суд откако испратил покана за пријателство на фејсбук. Причината е што барањето за пријателство го испратил до личност која претходно за него  побарала забрана за пристап. Судијата заклучил дека и контактирањето преку друштвената мрежа е кршење на забраната.

Казнет е со парична казна од 30 негови дневници. Казната не е само за фејсбук, туку и поради „случајната средба“ со девојката во супермаркет. Локалните медиуми не наведуваат дали навистина се работело за случајност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top