| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ денеска почна со подготовките

Кошаркарскиот првак на Македонија, МЗТ Скопје, од денеска почна со работа откако новиот тренер Влада Вукоичиќ ја одржа првата прозивка во привремениот дом на „металците“, салата во СЦ „Борис Трајковски“

mzt-skopje-630x378

Вукоичиќ ги имаше на располагање скоро сите кошаркари, па на денешната прозивка се појавија и репрезентативците Гечевски, Чековски, Костоски и Дамјан Стојановски, кои поради обврските кон националниот тим ќе го пропуштат првиот дел од подготовките.

Од новите кошаркари отсутен беше единствено Американецот Џастин Рејнолдс, кој во текот на денешниот ден би требало да пристигне во Скопје, а од утре целосно ќе му се стави на располагање на стручниот штаб предводен од Вукоичиќ.
Поради фактот дека дел од клучните кошаркари нема да тренираат со остатокот на тимот во следните триесетина дена поради настапите за македонската репрезентација, раководството на клубот донесе одлука тимот да не замине на вообичаените висински подготовки, туку македонскиот првак подготвителниот период ќе го мине во Скопје.
Во тек се преговорите за договарање на неколку квалитетни пријателски натпревари, кои ќе бидат обелоденети во следниот период. Само за потсетување, МЗТ Скопје во новата сезона ќе ја брани двојната круна во македонската кошарка, ќе се натпреварува во АБА-лигата, а дополнителен предизвик за избраниците на Вукоичиќ ќе биде учеството во Еврокупот.
Извор: екипа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top