Една Србинка и еден црногорски државјанин попладнево се на распит во полициската станица Центар, јави Канал 5.
Откако од страна на полициски припадници биле забележани како во близина на зградата на Министерството за надворешни работи во центарот на Скопје управуваат со летало по што биле приведени на информативен разговор. Случајот наликува на шпионска афера, ама се чини дека не е тоа.
Според првичните информации, на леталото кое што било управувано со далечинско наведување имало поставено видео камера која ги снимала објектите во непосредна близина. Приведените Мартина и Даниел се на возраст од 27 и 23 години, а биле државјани на Србија и на Црна Гора. Во исказот тврделе дека снимале спот за Дејан Милиќевиќ. Амбасадите на двете држави ќе бидат известени за настанот.
Пред десетина дена руски државјанин беше уапсен откако нелегално, наводно поради љубопитност, се обидел да влезе во резиденцијата на претседателот Иванов на Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.