| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени во шпедиција го хакирале информатичкиот систем на Царинската управа

carina-

Шпедиција од Кавадарци и двајца вработени во неа добија кривични пријави од Царинската управа заради неовластено поднесување царински декларации и неовластен упад во електронскиот информатички систем на Царина.
„Случајот е откриен при контрола на царинските декларации поднесени од правното лице во царинската испостава Кавадарци. Утврдено е дека лиценца за вршење на застапување во царински постапки и овластување за влез во електронскиот систем на Царинската управа – МАКЦИС заради креирање декларации имало единствено одговорното лице во правното лице. Меѓутоа, во периодот кога овластеното лице било надвор од Република Македонија, биле поднесувани царински декларации потпишувани во негово име и со користење на негова лиценца. Поднесени се 21 царинска декларација, креирани во МАКЦИС и потпишани од страна на вработено лице во фирмата, кое не поседувало лиценца за застапување. Сопственикот на лиценцата, иако знаел дека вработената не поседува соодветна лиценца и ги ставил на располагање лозинката за влез во електронскиот систем и бројот на неговата лиценца“, соопштија од Царината.

Во тек е постапка за одземање на одобрението за вршење работи на застапување, а се разгледува и основаноста за одземање на лиценцата за вршење работи на застапување во царински постапки на одговорното лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top