Седум автомобили се оштетени во експлозија во црногорскиот приморски град Котор, соопшти весникот „Вијести“. Според првичните информации, нема повредени.
Весникот објави дека во населбата Доброта на „Крива улица“, на паркингот пред куќата на семејството Вуковиќ, била фрлена експлозивна направа .
Оштетени се пет автомобили со странски регистарски таблички, една приколка, како и два „мерцедеса“ со подгорички таблички.
На сите автомобили искршени им се задните ветробрански стакла.
-Офанзивна бомба кашикара ги оштети стаклата на шест автомобили на паркингот пред куќата и на објектот за чуварот. „Бидејќи на паркингот немаше мој автомобил не знам кому бомбата му беше фрлена – изјавил сопственикот Вукотиќ за радио Котор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


