| четврток, 6 декември 2018 |

42 % од Французите не ги сакаат Британците во ЕУ

Според анкетата спроведена од францускиот весник Le Journal du Dimanche дури 42 проценти од французите преферираат британците да ја напуштат Европската Унија.

Сепак поголем дел од нив односно 58 % би сакале Британија да остане дел од Унијата. И покрај барањата на бритаснкиот премиер камерон и заканите за референдум за напуштање на ЕУ сеуште поголем дел од франзуците сакаат Лондон да биде стожер на унијата.

Улогата на Британија во Европската унија е поприфатлива за помладите генерации додека кај ветераните 54 % се согласуваат на „развод“ со Британците.

Анкетата покажува дека французите генерално наместо полабаво поврзување меѓу земјите членки  сакаат поголемо ниво на интеграција во унијата. Дури  62 % би сакале интегрирана европа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top