| четврток, 6 декември 2018 |

Етихад го презема управувањето со ЈАТ на 1 септември

etihad

„Етихад ервејз“ планира до 1 септември да го преземе управувањето со спрската национална авиокомпанија, објавија белградските медиуми.

Договорот за менаџмент кој „Етихад ервејз“ го има ќе стапи во сила по регулаторните одобренија, а планираниот датум е 1 септември.

– За кратко време „ЈАТ ервејз“ ќе работи како „Ер Србија“, но формално-правно нема веднаш да го промени името. Кога тоа ќе се случи, компанијата ќе го промени и својот оперативен авиокомпаниски сертификат (Airline Operating Certificate AOC) – истакнаа од „Етихад ервејз“.

Владата на Србија на 1 август потпиша договор со „Етихад ервејз“ за стратегиско партнерство, со кој компанијата од Обединетите Арапски Емирати ќе стане сопственик на 49 проценти од капиталот.

„ЈАТ ервејз“ сега има 1.250 вработени, од кои околу 170 се пилоти, околу 200 кабински персонал, а поседува флота од 10 авиони од типот „боинг 373-300“ и четири „АТР 72“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top