Автобус, кој превезувал туристи од Македонија и ги враќал од летување во Грција во Скопје, избегнал сообраќајна несреќа на автопатот после Крф и поминал само со мали оштетувања и со вознемирени патници откако удрил во заштитната ограда покрај патот, јави пред малку „Плусинфо“.
Од туристичката агенција „Пет“, која ја организирала турата, објаснуваат дека автобусот удрил во банкината откако автомобил се обидел да го претекне. За да го избегне автомобилот и за да спречи поголема несреќа, возачот се приближил до работ на патот и го изгребал автобусот од банкината што е единствената направена штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.