Но, одзивот на граѓаните беше мал – од 19,5 до 20,3 отсто од граѓаните со право на глас, што значи дека резултатот од референдумот нема да биде обврзувачки. За да беше важечки требаа да учествуваат најмалку 60 проценти од гласачите.
Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да се принуди Владата да ја промени одлуката – да се откаже од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата.
Референдумот се однесуваше за заживување на проектот за нуклеарната централа Белене, на север во државата. Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра. За да пронајде нов инвеститор, премиерот Бојко Борисов раскина договор со руска фирма која бара надомест од 1,3 милијарди долари и се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



