| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Парнарџиева Змејкова повторно на директорската позиција во Фондот за здравство

maja parnardzieva zmejkova

Маја Парнарџиева-Змејкова се враќа на директорското место во Фондот за здравствено осигурување, јави zdravstvo24.mk.

Tаа на оваа функција била назначена на синоќешната владина седница. М-р Парнарџиева-Змејова со здравствената каса ќе почне да раководи најверојатно од понеделник. Парнарџиева-Змејкова по нејзино барање поради породилно отсуство и беше разрешена пред околу 9 месеци. На нејзино место овој период со Фондот раководеше Јован Грповски, кој дојде од кабинетот на министерот за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top