Тројца тетовци среде улица натепале млад сограѓанин поради несогласувања околу тоа кој има предносто во сообраќајот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 18 часот на улицата Кавказска во Тетово се случила крвава тепачка на која ѝ претходела расправа за тоа кој има предност во сообраќајот.
Роднините, 30-годишниот Н.Р., 28-годишниот С.Р. и 38-годишниот Ф.Р. го нападнале 38-годишниот Ј.И.
Во еден миг Н.Р. извадил нож и почнал да го напаѓа противникот.
На повредениот му била укажана помош во Клиничкиот центар во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.