| четврток, 6 декември 2018 |

Странско возило погодено од залутан куршум

kursum caura

Залутан куршум оштети возило во струшкото село Подгорци, извести полицијата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, синоќа од залутан куршум е оштетено возило „пежо“ со странски таблички, сопственост на 65-годишниот Б.А., жител на селото.

Полицијата извршила увид и ја зела чаурата на вештачење. Во ова село вчера, исто така од залутан куршум, беше повреден 46-годишниот В.С. од струшкото село Боровец, кој бил ранет во грбот додека гледал турнир во мал фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top