| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачка фотографија: Од 235 до 2.000 убиени во вчерашните судири во Каиро, меѓу нив и 43 полицајци

voznemiruvacko foto egipet

235 луѓе се убиени, од кои 43 полицајци во вчерашните судири меѓу безбедносните сили и приврзаниците на Мохамед Морски во Каиро, потврдија од Министерството за здравство на Египет. Според информациите на Муслиманското братство, пак, биле убиени повеќе од 2.000 луѓе.

Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека се убиени 43 полицајци. Меѓу убиените имало и двајца полициски генерали и двајца полковници.

Демонстрантите нападнале 21 полициска станица и оштетиле и запалиле седум верски објекти. Била нападната и зградата на Министерството за финансии во Каиро, при што успеале да го заземат приземјето на зградата.

Во вчерашните нереди беа убиени и најмалку двајца новинари, а повеќе од 10 биле уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top