Најпознатиот светски бегалец, некогашниот агент на НСА Едвард Сноуден, можно е да се всели во соседството на сопругата на поранешниот претседател на СФРЈ, Мира Марковиќ.
Според некои шпекулации кои ги пренесуваат американските медиуми, едно од местата каде што може Сноуден да престојува е малото гратче Барвикха во кое минатата година се пишуваше дека живее вдовицата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ.
– Сменетите шефови на држави кои ги избегнува цел свет, добиваат луксузни вили во престижниот град Барвикха, наменски граден за истакнати бегалци- пишува Вашингтон пост.
Кон крајот на минатата година Њујорк тајмс објави дека покрај тоа што во ова гратче живее Мира Марковиќ, доколку добие азил во Русија, би можел да се досели претседателот на Сирија, Башар ал Асад.
За сега сигурна е само информацијата дека поранешниот американски агент доби азил од руските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Во Косово се подготвува мјузикл за Слободан Милошевиќ и Мира Марковиќ
-
Не многу срдечни средби меѓу таткото и ќерката: Кај си терористу, свари едно кафе
-
Би-би-си снима филм за Зорица Брунцлик „Жената која ја победи српската власт“


