| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ја совлада Струга

metalurg-pehar-7Ракометарите на Металург вечерва ја совладаа екипата на Струга во рамките на 1. коло на годинешниот меѓународен турнир „Струга 2013“ со 30-14 (13-8).

Скопскиот клуб настапи со подмладен состав. Младиот Мартин Манасков, постигна шест гола од крилната позиција и беше најефикасен поединец на мечот. По четири гола постигнаа Ојлески, Пешевски и Мандиќ, додека Ангелов имаше 10, а Митревски шест успешни интервенции на голот.

За најдобар играч на средбата беше прогласен Мартин Манасков, а за најдобар голман е прогласен Крсте Костоски од Струга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top