Најмалку 11 луѓе се повредени во пожар на железничка цистерна, што избил во индустриската зона на Гастрејд во селото Езерово на североистокот од Бугарија. Според бугарските медиуми, пожарот избувнал при претовар на гасот пропан-бутан од железничката во автоцистерна. По првата експлозија, пожарот бил ставен под контрола, но потоа се запалила и втората цистерна.
Населението е во паника, а постојано се ангажираат нови групи пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


