| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Египет се безбедни, МНР апелира на внимателност

Нема информации за македонски граѓани кои се во опасност по зголеменото насилство на улиците на Каиро и други градови каде што деновиве има повеќе од 100 жртви по операцијата на египетската армија.
Министерството за надворешни работи им препорачува на сите македонски граѓани што живеат, патуваат или планираат да патуваат во Египет да ги избегнуваат местата каде што може да има протести или масовни собири и да обрнат поголемо внимание за сопствената безбедност.

Воедно, на македонските граѓани им се препорачува редовно да ја следат состојбата во Египет, како и да го контактираат Министерството за надворешни работи за евентуални дополнителни информации, а во случај на потреба за асистенција и помош, македонската амбасада во Каиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top