Трикратната светска шампионка во скок со стап Јелена Исинбаева нема да се пензионира. Таа по триумфот во Москва изјави дека нема да ја заврши кариерата туку само ќе направи мала пауза. 31-годишната Русинка се надева дека ќе биде меѓу учесниците за Олимпијадата во Рио де Жанејиро во 2016-тата. Претходно ќе се обиде и да ја одбрани светската титула на шампионатот во Пекинг една година предходно.
-Прво ќе се обидам да се вратам на светскиот шампионат во Пекинг во 2015-тата, ако не се случи тоа ќе направам втор обид на Олимпијадата во Рио. Ако и таму не успеам, тогаш ќе ставам крај на кариерата – рече таа.
Синоќа Исинбаева стана светска шампионка во скок со стап со постигнување 4,89 метри, се обиде и на рекордна височина 5.07 метри но не успеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.