Четиринаесетгодишно момче ја затворило својата учителка во училницата и сексуално ја злоставувало додека нејзините очајни колеги се обидувале да ја скршат вратата.
Во едно лондонско училиште, момчето почекало часот да заврши и сите ученици да излезат од училницата, по што брзо ја забарикадирал собата со компјутерите и внатре го започнал својот ужасен план.
Зад заклучената врата вработените можеле да слушнат само врискање на несреќната жена и смеењето на младиот престапник, кој сексуално ја злоставувал.
Кога после одредено време нејзините колеги сепак успеале да влезат, ја затекнале потресената жена. Учителката ракажала дека ученикот рекол дека „има некои мисли на ум”, ја прегрнал, а кога таа се отргнала сфатила дека вратата е заклучена. Таа рекла дека после овој напад веќе не може да се врати на работа.
Младиот престапник кој ја нападнал учителката веќе бил обвинет за два сексуални напади, па го чекаат четири години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.