| четврток, 6 декември 2018 |

Египетскиот заменик претседател поднесе оставка

Фото: ЕПА

Фото: ЕПА

Египетскиот привремен заменик претседател Мохамед ЕлБарадеи, добитник на Нобеловата награда за мир и поранешен директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, поднесе оставка по интервенцијата на безбедносните сили против отстранетиот исламистички претседател Мохамед Морси на двата плоштада во главниот град Каиро.

Вели тешко е и натаму да ја понесува одговорноста за одлуките со кои не се согласува и од чии последици стравува. Изрази жалење поради жртвите, бидејќи „верува дека тие можеле да бидат избегнати”, и притоа истакнува дека „за жал, полза од она што денеска се случи ќе имаат луѓето коишто повикуваат на насилство и теророт, а тоа се екстремистичките групи”.

Sit-in of Morsi supporters cleared in Cairo

Фото: ЕПА

Мохамед ЕлБарадеи, е водечка опозициска личност од секуларните кругови и кој на почетокот од јули беше именуван за привремен заменик претседател на Египет задолжен за меѓународни односи.

Најмалку 124 демонстранти се убиени само на плоштадот Рааба ал-Адавија, според репортерот на AFP и приврзаниците на исламистичкиот претседател Мохамед Морси кого армијата го смени од должноста на 3-ти јули по повеќемесечните протести на секуларната опозиција чиј еден од лидерите беше токму ЕлБарадеи.

Египетското министерство за здравство објави дека во судирите се загинати 95 луѓе и 874 ранети. Претставници на Муслиманскот братство пак, преку социјалните мрежи, објавија дека се загинати околу две илјади луѓе а ранети се над пет илјади. Полицијата соопшти дека се загинати двајца нејзини припадници, како и дека кај околу 200 приведени членови на исламистите е откриено огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top