Само неколку дена откако заменикот помошник на државниот секретар на САД Филип Рикер порача дека Грција, од јануари догодина кога ќе стане претседавач со ЕУ, ќе има прилика да ја докаже на дело заложбата на Солунската агенда промовирана во Портокарас во 2003 беше демантиран од официјална Атина.
Во приоритетите на грчката влада нема ниту збор, уште помалку некакви конкретни ветувања на Самарас дека ќе работи на влезот на земјите од западниот Балкан во ЕУ и конечна стабилизација на регионот.
А само пред пет дена грчкиот премиер ова го ветувал кај Обама и Кери во Вашингтон и кај Бан Ки Мун во Њујорк.
Меѓу топ приоритетите кои ги објави грчкиот министер за надворешни работи Вензиселос, се прашањата со кои треба да се случи надминување на економската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција