Белата куќа остро се спротивстави на воведувањето вонредна состојба во Египет. Според портпаролот на Белата куќа, Џош Арнест, насилството означува непочитување од страна на преодната власт во Египет.
Тој ги повика воените лидери на Египет да ги почитуваат основните човекови права на граѓаните на Египет и нагласи дека насилството само го отежнува враќањето на мирот и демократијата.
Администрацијата на Обама досега не даде коментар дали го смета за државен удар соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси.
фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.