| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски:Врвната литература ќе иницира напредок

prevodi knigiМакедонските студенти и професори се побогати за уште неколку наслови од областа на правото, економијата, ветерината, медицината и биохемијата кои се изучуваат на најреномираните универзитети низ светот. Со денешната промоција на  12 нови изданија, бројот на книги во рамиките на  проектот на Владата  „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ се искачи на 821.
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, истакна дека се реализирани 80 отсто од проектот и дека според нивните очекува до крајот на годинта проектот ќе биде завршен.
„Книгите се интересни по содржина, лесно совладливи и практично применливи. Од најголемо значење за македонските студенти, кои што квалитативно и квантитативно го зголемуваат фондот на информации со коишто располагаат и дефакто стануваат конкуретни со своето знаење, во многу научни области. А знаењето е моќна алатка за круцијални промени во секое општество“, истакна министерот Ристовски.
Тој нагласи дека луѓето во Македонија сакаат да се образуваат, да читаат и да го прошируваат своето знаење и токму затоа тие како институција водат посебна политика кон образованието, во која тоа нема третман на потрошувач како во некои други времиња, тку третман на двигател на општеството.
Премиерот Груевски истакна дека ова е капитален проект бидејќи преку него  македонското општество се стекна со илјадници страници на врвна, светска литература од сите области и од сите научни полиња. Премиерот појасни дека проектот го започнале во моментот кога меѓу приватните фирми имало мал интрес за превод  и печатање на стурчна литература, според него, бидејќи нашиот пазар е мал. Но, за да не бидат нивна конкуренција, појасни премиерот, решиле сите книги кои ќе бидат преведени во рамки на проектот да бидат ставени во библиотеките и во Универзитетите.
Груевски посочи дека ова е една од најголемите инвестиции во македонското образование во изминативе години.
„Книгите добиваат се поголема прифатеност во Универзитетите, иако на почетокот постоеше одреден отпор кај одредени универзитетски професори, тие се повеќе добиваат на тежина бидејќи станува се понеријатно за нив на било кој начин да се обиде да продаде своја скрипта или локален учебник кој не може да се мери со овие реномирани учебици“,  потенцираше Груевски, додавјќи дека овие книги кои се користат и на реномираните светски универзитети ќе се користат и во наредните десет-петнаесет години.
„Капиталот на знаење кој преку овој проект денес влегува во Македонското општество помеѓу македонската младина, помеѓу македонските научници е капитал кој ќе има повеќекратни и долгогодишни ефекти за Македонија. Врвната литература ќе помогне да се иницира напредок во многу научни полиња и да се изградат врвни кадри во Македонија кои пак ќе треба да ја повлечат и својата земја и да го забрзаат нејзиниот развој“, рече Груевски.
Воедно, премиерот упати апел со сите професори повеќе да ги користат овие учебници во наставните програми, бидејќи кога може да се користат и се

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top