| четврток, 6 декември 2018 |

Села: Ги плаќаме сметките од ручеци и вечери на Мерко

zijadin sela

Села ги плаќа сметките од ручеците и вечерите на Мерко. Поранешниот градоначалник оставил милионски сум долгови за репрезентација во струшките ресторани. Во општината немало ниту еден шеф, бидејќи за таква функција во времето на Мерко требало магистратура на неговиот приватен универзитет, обвини денеска градоначалникот Зијадин Села давајќи отчет за сработеното во изминативе сто дена, објави Канал 5.

– Веќе осум години не се назначени шефови на сектори бидејки некој требаше да одат таму да за вршат магистратура. Сакам да кажам дека во изминативе осум години се функционирало за еден човек и за група луѓе околу него – истакна Зиадин Села градоначалник на Струга.

Села е задоволен од се она што успеал досега да го реализира. Иако нема претседател и мнозинство во Советот тој нема ниту законски препреки за тоа, бидејќи Струга изминативе осум години нема ни статут ни деловник.

– Тие работи се регулираат во статутот и деловникот на општината, а го нема ни тоа ни тоа. Со закон ако нема состанок три месеци тогаш може да има избори – вели Села.

Наспроти неговото мислење дека општината добро функционира и без мнозинство во советот, од ВМРО ДПМНЕ велат советот е клучен за работата на градоначалникот. Села најави дека со засилено темпо ќе продолжи со разрешувањето на директори на сите средни и основни училишта со цел да ја подобрел состојбата во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top