| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец ја застрелал девојката, а потоа себе си

pistol

Во Тирана денеска трагично заврши љубовна врска меѓу двајца млади Албанци од Македонија и од Албанија. Се работи за македонскиот државјанин А. Е. од Тетово, кој откако ја застрелал 21-годишната девојка А.С. од Чоровода, и самиот си го одзел животот.

Девојката добила лесни повреди и е надвор од животна опасност, додека момчето имало прострелна рана во главата поради што го загубило животот во болница.

Трагедијата се случила во кафетеријата на хотелот по расправија која избила меѓу младата двојка, а мотивот најверојатно била љубомора.

Според албанските медиуми, полицијата која веднаш била повикана од гостите во хотелот, дошла со задоцнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top