Оваа одлука на Дисциплинската комисија на УЕФА доаѓа откако беше покренат процес против Металист за учество во местење натпревари во украинскиот шампионат.
УЕФА дополнително на итен состанок во текот на денешниот ден ќе ги разгледа последиците по оваа одлука, со оглед дека Металист требаше да се сретне со германскиот клуб Шалке 04 во плејофот за пласман во групната фаза од ова натпреварување.
Украинскиот клуб Металист има право да упати жалба на оваа одлука на УЕФА до Арбитражниот суд за спорт во Лозана (ЦАС).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.