Ракометниот клуб од Битола од денес е во целосна сопственост на поранешниот градоначалник Силјан Мицевски – Циле.
– Силјан Мицевски ќе биде мнозински акционер во ракометниот клуб Пелистер. Со негова помош клубот се надева дека конечно ќе излезе од неколкугодишната анонимност и ќе се врати на старите патеки кога беше ривал, што секогаш атакувал на трофеи. До 16 август треба да почне процесот на трансформација за да може клубот да учествува во машката Суперлига ВИП- пишува на официјалната страна на ракометниот клуб.
Kлубот, предводен од тренерскиот двоец Kире Поповски и Игор Николовски, ги почна подготовките за новата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.