Некои сакаат да известуваат од бојните полиња, а некои, пак, се осмелуваат и на нешто поопасно. Американскиот фоторепортер Ентони Карен е познат по тоа што ги фотографира најпознатите банди во светот. После британските скинхеди и неонацисти, преку страшните баби кои изведуваат вуду-ритуали, Карен ја обајви и неговата фотогалерија „Еден ден од животот на кланот Кју Клукс“.
Колку и да е, наводно, напредната американската култура и демократија, кланот сѐ уште постои, посебно во јужните американски држави, како Луизијана, Северна Каролина, Вирџинија. Карен контактирал со поглавиците на неколкуте регионални седишта на ККК и во неговата фотогалерија ги вброи и уникатните фотографии на подготовки за традиционална „бела“ свадба, стар поглаватар кој со пушка убива лебарка на ѕидот, неколку генерации на кланот и ритуал за примање нови витези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.