| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен киднаперот од Сент Џозеф

bankaМажот, кој вчера вооружен со огнено оружје зеде како заложници две жени и еден маж, вработени во банка во  гратчето Сент Џозеф во американската сојузна држава Луизиана, застрела двајца од нив, по што полицијата отвори оган кон него и го уби.

Началникот на полицијата на Луизиана полковник Мајк Едменсон изјави дека за време на преговорите во текот на ноќта, осомничениот е идентификуван како 20-годишниот Фуаед Абдо Ахмед.

Тој за време на преговорите изјавувал ќе ги убие заложниците и силите за безбедност, кои упаднале во зградата. Тогаш Ахмед отворил оган кон двајцата заложници, по што полицијата го убила. Повредените заложници се хоспитализирани и тие се во критична состојба.

Вооружениот маж зеде тројца заложници вчера попладне во филијала на банката Тензас Стејт Банк во Сент Џозеф.

Локалната полиција соопшти претходно дека по преговори со мажот неколку часа по почетокот на инцидентот, тој се согласил да ослободи една од жените, која не била повредена и била во добра здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top