| четврток, 6 декември 2018 |

Фротекс го купи детското одморалиште на Голак

golak

Делчевската компанија „Фротекс“ стана сопственик на старата зграда на Детското одморалиште на планината Голак по уплатата на 35 илјади евра на сметката на Министерството за труд и социјална политика.

Според изјавите на новите сопственици, старото детско одморалиште, кое се наоѓа во близина на манастрирот „Св. Панталејмон“, ќе биде реновирано и наскоро ќе се вклучи во туристичката понуда.

Објектот зафаќа 582 квадратни метри корисна површина, има сопствен ресторан и е лоциран среде густа борова шума на околу 1.300 метри надморска височина.

Веднаш до овој се наоѓа уште еден, трипати поголем објект, ново детско одморалиште, изградено од некогашната СИЗ за детска заштита, но бидејќи за него нема легална документација, неколкуте тендери за продажба пропаднаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top