
Мајка му на Дидие Дрогба го обожавала лидерот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, па решила на својот син да му го даде прекарот Маршал Тито.
Дрогба, пишува „Утрински весник“, го прифатил овој прекар, а подоцна се покажало дека мајка му имала визија бидејќи нејзиниот син покажал дека знае како е да се биде лидер. Професионалната кариера ја почна во Ле Ман, каде што помина четири години пред да се пресели во Генгам. По две сезони во овој клуб, направи трансфер во Олимпик Марсеј, а од 2004 година е дел од англискиот премиерлигаш Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


