„Ве уверувам сите во Македонија кои што можеби имаат поинакви погледи, или некакви сомнежи.
Србија не само што нема никакви претензии кон Македонија, нити на нејзиниот територијален интергритет и суверинитет, нити националниот идентитет.
Напротив ние сакаме да продолжиме да бидеме најдобриот пријател на македонскиот народ и македонската држава“, изјави вечерва на свечената Светосавска академија со салата на Македонската Опера и Балет српскиот премиер Ивица Дачиќ.
На крајот на своето обраќање тој побара Бог да даде многу среќа успех и здравје да подари мир но во исто време побара и луѓето да му помогнат на Бога со тоа што ќе сторат се што е во негова моќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


